Македонија
14. August 2015 - 16:39

Велешките гимназијалци со европски пари ќе учат математика

Велешките гимназијалци ќе го подобруваат знаењето по математика. Ќе користат компјутерски софтвери за решавање на математичките проблеми. Решенијата ќе ги бараат заедно со ученици од Италија, Бугарија и Кипар. Училиштето е вклучено во меѓународен проект финансиран од Европската Унија.

Проектот насловен Математички лавиринт се реализира во соработка со Националната агенција за европски образовни програми.

За спроведување на проектот, гимназијата доби грант од 136 илјади евра. Проектот ќе трае две години, а ќе заврши со издавање на книга за решавање на математички проблеми.