Велешката болница доби санитетско возило
Санитетско возило од марката „Мерцедес Бенц Спринтер“ за транспорт на пациенти доби ЈЗУ Општа болница во Велес. Возилото е опремено со соодветна медицинска опрема според високи стандарди, која е наменета за брзи интервенции во итни случаи. Станува збор за донација од компанијата Дрекслмајер.
Од компанијата посочуваат дека возилото е потребно за пружање на здравствени услуги на пациентите кои се лекуваат во таа јавна здравствена установа и кои во итни случаи се упатуваат на Клиничкиот центар во Скопје.
– Драго ми е што денес имаме убав повод да ја посетиме болницата во Велес. Се надевам дека донираното возило значително ќе го зголеми квалитетот на медицинската услуга која ја пружаат медицинските служби, а од која директна придобивка ќе имаат пациентите како корисници на овие услуги, рече на примопредавањето на возилото генералниот директор на компанијата, Лукас Мирингер.
Директорот на ЈЗУ Општа болница Велес, Божидар Бојаџиев се заблагодари за донацијата.
– Велешката болница е акредитирана регионална болница која го покрива регионот до Гевгелија и токму затоа ова возило ни е исклучително потребно во секојдневното функционирање, но и при пренесување на пациентите до Клиничкиот центар во Скопје, рече д-р Бојаџиев.
Минатата година и Општата болница во Кавадарци доби донација – возило за медицинскиот персонал во оваа институција, како и современа медицинска опрема колоноскоп и гастроскоп. Од компанијата наведуваат дека покрај социјалните проекти, поддржуваат активности во образованието, спортот и културата.
Ново на Сител
-
Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска
-
Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес
-
Вучиќ со порака од Одеса: Србија сака да обнови еден или два града или помал регион во Украина
-
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола
-
Скалони за ремито со Колумбија: Беше добар тест
-
Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал
-
Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид
-
Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот јазик како малцински јазик во земјата