-->
-->
Велешката болница доби нова современа апаратура
-->
Велешката болница доби нова современа опрема наменета за Интерното и Хирушкото одделение. каде денеска увид во нејзиното функционирање направи министерот за здравство Никола Тодоров во придружба на директорот на болницата д-р Атанас Василев и градоначалникт на Велес Славчо Чадиев.
Министерот Тодоров информира дека е набаван нов современ апарат за анестезија, на местото на стариот апарат кој беше во функција триесетина години.
- Новиот апарат веќе е ставен во функција и со него се направени 20 процедури-односно операции. Исто така, набавен е и поставен е нов апарат за гастроскопија, којшто ќе биде ставен во функција на „Мој термин“ веднаш по празниците. Со овој апарат ќе може да се прават двојно повеќе интервенции од досега. Ако досега во неделата два дена се правеле вакви дијагностички процедури, сега со новиот апарат тоа ќе може да се прави секој ден и наместо 500 вакви дијагностички процедури годишно во велешката болница, со новиот апарат ќе може да се прават илјада. Со тоа двојно ќе се намали времето на чекање. Воедно пациентите тоа ќе може да го направат тука во Велес наместо да бидат препраќани во Скопје и други здраствени установи, појасни Тодоров.
Тој додаде дека на Детското одделение во оваа болница е отворено Детско катче или Детска игротека во кое согласно правилниот на Министерството за здравство пациентите кои доаѓаат на преглед во болница ќе може тука да ги остават своите деца.
- Досега со новите инвестиции во медицинска опрема и усовршување на кадарот велешката болница оди напред. Имаме 75 здраствени работници пратени на едукација во странство: во Турција, Бугарија и Словенија. Половината од нив се лекари, а останатите друг медицински персонал. Воедно, имаме и кадровско зајакнување на ЈЗУ Општа болница во која во изминатите неколку години се примени 45 лица здраствен персонал и 35 беа трансформирани со процесот на волонтери, со што вкупно со осумдесетина лица кадровски е зајакната Општатата болница. Воедно новопримените лекари сите се пратени на специјализација, некои се на субспецијализација, а има и четворица лекари превземено од приватно во јавното здравство и се вклучија во работата на велешката болница, појасни министерот Тодоров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток
-
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-
Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
-
Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
-
Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
-
Возач на камион починал во тешка сообраќајка
-
ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник