Велешани први ќе го пречекаат европскиот првак Вардар
Првивилегијата први да го пречекаат европскиот шампион Вардар ќе ја имаат ракометарите на Борец бидејќи на програмата е последниот натпревар од плеј офот.
Вардар денеска со победа ќе треба да ја завери новата шампионска титула и тоа во домашното првенство.
Дуелот ќе започне од 17 часот „црвено-црните“ се апсолутни фаворити во дуелот против Борец кој на изминатите девет одиграни натпревари во плеј-оф конкуренцијата претрпе исто толку порази.
Со новите три бодови вардарци ќе имаат идентични 27 бодови како и во моментов прво пласираниот Металург, но поради подобриот биланс во меѓусебните средби Вардар ќе се врати на лидерската позиција.
Според најавата, свечената церемонија на доделување на шампионскиот пехар и златните медали ќе биде во СЦ „Јане Сандански" во 21 часот.
На тој начин пред домашната публика ќе биде заокружена најуспешната сезона во клупската историја, со четири трофеи, освоени во Лигата на шампионите, СЕХА лигата, како и домашниот Куп и на крајот и домашното првенство.
Ново на Сител
-
Најмалку 51 лице загинаа во монсунските дождови во Индија, 22 се водат како исчезнати
-
Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција
-
Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и измамила сограѓанин за 22 500 евра
-
Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана
-
Без вода неколку улици во Скопје поради дефект
-
Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско
-
Електронски ќе се пријавуваат неправилности во здравството
-
Доаѓа топол бран - од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени