Велешани ќе добијат нов затворен пливачки базен, а постоечкиот отворен ќе се реконструира

Градоначалникот Аце Коцевски денеска информираше дека новиот затворен пливачки базен ќе биде лоциран во непосредна близина на постоечкиот градски базен, на самиот влез од северната страна каде во моментов се поставени реквизити за деца.
Тој појасни дека објектот за базенот ќе биде со димензии 20,4 х 30,4 метри, со висина од 5,6 метри. Самиот базен ќе биде со димензија од 25 х 9 метри, а со длабочина од минимум 80 сантиметри до 1 метар и 20 сантиметри.
Коцевски информира дека според нивните првичните пресметки реконструкцијата ќе чини 50 илјади евра, а ќе се изведе со општински буџетски средства, доколку не се изнајде друго решение. Воедно појасни дека веќе се води набавка за проект за санација на отворениот базен
Тој на денешната прес-конференција информира дека на вчерашната 28 седница на негов предлог Советот на Општина Велес донел одлука за изработка на физибилити студија за Офицерскиот дом за да се утврди можноста објектот кој е во лоша состојба да се врати во употреба преку јавно-приватно партнерство, со концесија на 20 години.
Градоначалникот Коцевски денеска на прес конференцијата информира дека за земање под концесија на Офицерскиот дом веќе има голем интерес од бизнис заедницата, а некои од заинтересираните стопанственици од Велес веќе предложиле и проекти за ревитализација на објектот. Претходниот градоначалник на Велес најавуваше Офицерскиот дом да биде пренаменет во Градска куќа со повеќе намени за потребите на општината и граѓаните.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
