Велешанец во дворот одгледал корен марихуана од 230 сантиметри
Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Х.Б. (1964) од велешкото село Горно Оризари, осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
- По претходно добиени оперативни сознанија со наредба од надлежен суд во октомври извршен е претрес во домот на пријавениот во село Горно Оризари, каде во дворот од куќата пронајден е еден корен „канабис сатива“ (марихуана) со висина од 230см, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Таа прециозира дека стеблото марихуана е одземено и е извршено вештачење во крим техника при МВР.
Инаку, пријавениот и претходно е пријавуван за вакви и слични кривични дела, за што му се изрекувани и затворски казни.
Ново на Сител
-
Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот
-
Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал
-
Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи