Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник

Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.
Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
