Велешанец осомничен за обид за убиство на неговата сопруга
Педесет и седумгодишен жител на Велес е осомничен за обид за убиство на неговата сопруга.
Тој ја тепал сопругата со кабел и ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Од ударите, жената се здобила со повеќе повреди по целото тело и скршеница на едната рака.
Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело обид за убиство.
„Осомничениот во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина започнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот“, се наведува во соопштението.
Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите, жената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката.
Јавен обвинител до судот достави предлог за определување притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
