-->
-->
Велес очекува голем интерес за новата Индустриска зона Мамутчево
-->

Во новата индустриска зона „Мамутчево" која е дел од Општина Велес, а која како најголема во регионот ќе се простира на 43 хектари, денеска увид направија градоначалникот Славчо Чадиев и Илија Димовски пратеникот во Собранието на Р.Македонија.
Како што информира за медиумите Илија Димовски, за новата индустриска зона „Мамутчево“, тој по деталниот увид од теренот, на капацитетите, димензиите и инфраструктурата, ќе ги запознае државните органи, Владата и министрите задолжени за привлекување на странски инвестиции. Тој искажа огромно задоволство од соработката со Владата. Во досегашниот период, потсети Димовски, беа направени големи работи за Велес како во случајот со германската компанија „Маркарт” и индиската групација која ќе гради во поранешна „Порцеланка” во Велес.
- Целта ни е оваа зона да биде најголема во Велес и да биде уште една успешна приказна. Веќе разговараме со заинтересирани компании за инвестирање во оваа зона. Нови фабрики и нови работни места е основата на нашата политика.Таа ќе значи многу за нашиот регион и отворање на нови работни места, потенцира Димовски.
Градоначалникот Славчо Чадиев истакна дека имајќи ги предвид карактеристиките на Велес и погодната местоположба во централниот дел на Македонија, како и значајните комуникациски услови, се појавил интерес кај бизнисмените за нови инвестирања во индустриски капацитети.
- Токму затоа ја оформивме и оваа нова индустриска зона „Мамутчево” која ќе има три парцели со површина од 6.6 10 и 25 метри квадратни.Очекувам голем интерес за вложување. Во досегашниот период има сериозни најави, што нам како локална самоуправа ни влева голем оптимизам. Нашите напори се за засилен и брз економски развој и отворање на нови работни места,потенцира Чадиев.
Како што појасни тој, планската документација e веќе комплетирана, а според дејноста, во индустриската зона „Mамутчево“ се планира да работат компании од лесна и незагадувачка индустрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
