Македонија
11. July 2015 - 17:04

Велес меѓу ретките поголеми општини со бесплатен паркинг

Велес е меѓу ретките општини со поголем број жители во кои паркирањето е бесплатно. И покрај сообраќајниот хаос предизвикан од неправилно праркираните возила, засега локалните власти не планираат да се наплатува паркирањето.

Според велешани со воведување на платен паркинг ќе се намали метежот во градот.

Инаку за околу една година, во центарот на Велес се изградија 4 паркиралишта со вкупно 500 места. И покрај ова, возачите своите возила се уште ги оставаат на тротоарите.