Бизнис
29. April 2021 - 21:12

Вечна првомајска дилема - На скара или на протест - Што одлучија синдикатите?

Први мај - Ден за скара или ден кога работниците излегуваат на улица барајќи подобри услови за работа? Годинава пандемијата ја исклучи оваа дилема. Двата најголеми синдикати во земјава симболично ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот со мали собири и почитување на протоколите. ОД КСС велат дека овој први мај нема да го честитаат на работниците затоа што е најтажниот први мај во последните 20 години. Надлежните се глуви на нивните барања за подобрување на работничките права. ОД ССМ пак ќе бараат од Владата пристојна работа и пристојна заработувачка.  

- Кога тие не не повикуваат ние самите ќе одиме пред Влада. Ќе си ги бараме нашите работнички права на кои институциите на оваа Влада ги кршат секојдневно. Нашата парола да живее први мај- правда за работникот, затоа што немаме правда по ниеден основ кршејќи ги сите закони од трудовото право, КСС ќе биде вистинскиот браник на работничките права.

- Да и порачаме на Владата парламентарци дека самиот по себе вирусот е доволен непријател и не треба да се трудиме да наоѓаме други непријатели. Да бидеме здружени и да ја андм,инеме на секое поле.

Но дали излегувањето на улица донесе некои промени,и што се смени во изминативе години? Од СОНК велат дека и покрај нивните барања и настојувања работите не се сменети во позитивна насока. Работниците и синдикалните лидери и понатаму  се соочуваат со секојдневни притисоци.

Од почетокот на пандемијата преку 80.000 претставки поднеле граѓаните до ССМ за прекршени работнички права. Најголем дел од нив се за неисплатена плата и додатоци на плата, отпуштања, трансформација на договори од неопределено на определено време и исплатен износ под минималецот.