Фудбал
2. December 2023 - 15:18

Вечерва жрепка за групната фаза на ЕУРО2024

Европската фудбалска федерација (УЕФА) вечерва со жрепка во Хамбург ќе го одреди составот на групите за ЕУРО 2024 кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.

Пласман на континенталниот турнир досега обезбедија 21 репрезентација, а преостанатите три ќе бидат познати по одигрувањето на плејофот во март.

Домаќинот Германија ќе игра на отворањето на ЕУРО 2024 во Минхен, на 14 јуни, а финалето е закажано за еден месец подоцна во Берлин.

Актуелниот европски шампион Италија вечерашната жрепка ја чека од четвртиот по ранг „шешир“.

Прв шешир: Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија, Англија.

Втор шешир: Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија, Австрија.

Трет шешир: Холандија, Шкотска, Хрватска, Словенија, Словачка, Чешка.

Четврти шешир: Италија, Србија, Швајцарија, Плејоф лига А, Плејоф лига Б, Плејоф лига Ц.