Вечерва убиство во Велес: Градот блокиран од полиција
Убиството се случи денеска околу 15 часот на улица: „Васил Ѓоргов“, пред плоштад Којник во Велес, пред домот на жртвата. Убиен е Тоше Коцев. Таму дошол мажот кој што е осомничен дека го извршил убиството.
Тој со огнено оружје ја застрелал жртвата. Четириесет и три годишниот застрелан велешанец веднаш бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде лекарите од ургентниот центар му дале прва помош но починал при внесување во операционата сала на хирушкото одделение, рече д-р Ванчо Граматов специјалист по хирушки болести, пишува Дума.
– Повредениот маж во болницата е донесен со видливо крварење од неколку прострелни рани во телото. Внесен е во операциона сала но, за жал уште пред да започне лекарската интервенција тој за жал почина, рече д-р Граматов.
Местото на убиството е блокирано од полиција. Јавен обвинител врши увид.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток