Вечерва проекција на „Медена земја“ во Крива Паланка
Во Националната установа Центар за кулутра – Крива Паланка вечерва ќе се прикаже документарецот „Медена земја”, филм кој со две номинации за „Оскар” ја етаблираше нашата држава во светски рамки.
– Пред објавата на побединиците во категориите за „Оскар“, деветти февруари, уште една шанса граѓаните да го погледнат македонскиот документарец во кино салата при нашата установа. Филмот ги направи горди сите со двете номинации за „Оскар“: најдобар документарен и најдобар странски филм, беше награден и на престижниот фестивал „Санденс“, а се најде и на листите за најдобри филмови за 2019 година во реномирани списанија како „Њујорк тајмс“, „Ролинг стоун“, „Варајети“ и други. Иако достапен и на интернет, како центар за култура овозможуваме публиката да го погледне и на големото платно, изјави Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК, Крива Паланка.
Филмот е атрактивна приказна за правилото за баланс со природата по кое се води главната хероина, пчеларката Атиџе, чија порака „Пола за тебе пола за мене, така треба да функционира светот“ го обиколи светот.
-Билетите за проекцијата чинат 70 денари. Поради големиот интерес за филмот билетите ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата при НУ Центар за култура Крива Паланка денес од пладне, се до прикажување на филмот, додаде Ѓоргиевска.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството