Македонија
6. јуни 2017 - 21:16

Вечерва прегазено девојче на пешачки премин во Ново Лисиче - револтирани граѓани го нападнаа возачот

Помлада девојка попладнево е прегазена на пешачки премин во скопската населба Ново Лисиче. Несреќата се случила на булеварот Видое Смилевски Бато а во неа, со повреди поминал пешакот кој во се уште нејасни околности бил прегазен од таксист на самиот пешачки премин. 
На лице место веднаш пристигна возило на Брза Помош. 

Огромен број граѓани веднаш пристигнаа на местото на несреќата, а дел од нив и физички го нападнаа возачот, револтирани што прегазил дете на пешачки премин. 

Информацијата се уште нема официјална потврда од МВР и не се знае во каква состојба е повредената, но очевидци велат дека додека се чекала увидната екипа на полицијата, сообраќајот се одвивал отежнато по само една коловозна лента