-->
-->
Вечерва повторно снег во Македонија: Внимавајте на Стража, Буково и граничниот премин Деве Баир
-->
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот.
Како што соопшти ЈП „Македонијапат”, врнежи од снег со среден интензитет има на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово, Крушево и на планинските превои Стража и Буково. На патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир врнежите се од дожд и снег.
Поради појава на магла, видливоста е намалена од 20 до 50 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула
-

„Транспаренси Интернешнл“: 14 европратеници не го пријавиле износот на дополнителните приходи
-

Македонските ракометари го добиваат ривалот за баражот за Светското првенство 2027
-

Писториус: На САД им е потребна Европа
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

ФБИ ја презеде истрагата за убиството на Алекс Прети, Министерството за правда на САД отвори федерален предмет
-

31 јануари - ден на свети Танасиј, голем борец за вистинското православие
-

Облачно со локален дожд, на планините снег
