Македонија
21. September 2015 - 16:38

Вечерва почнува 5-тата сезона ,,Се или Нешто‘‘ на Сител

Петтата сезона на најгледаното квиз шоу „ Се или нешто“ стартува вечерва  во 18 часот. Секој работен ден од понеделник до петок на Сител телевизија гледачите ќе се забавуваат со шоуто кое во изминативе години ги сруши сите рекорди на гледаност во Македонија. Лила Филиповска ќе ја води и оваа сезона на квизот од кој никој не си заминал со празни раце.

Во изминатите 4 сезони 500 натпревручи добија можност да одговорат на предизвикот се или нешто. Најголемата сума лкоја е доделана е 350 000 денари,а вкупниот фонд на награди изнесува над 15 милини денари. Правилата за игра остануваат исти.

 Преку отварање на 22 кутии натрпеварувачите и натаму ќе се трудат да го испразнат сефот на таинстваерниот банкар и да ја освојат највисоката сума од 1 милион денари. Интересот за учество во СЕ или нешто е огромен. Само во месец август на меил адресата пристигнале 3.500 пријави.    

Ултрапопуларниот квиз се или нешто на Сител телевизија се емитува по лиценца на најуспешната светска продукциска куќа ендемол.