Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено

Од 18 до 22 часот по македонско, односно од 19 до 23 часот по грчко време, повторно ќе биде затворен граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите возила, додека пак во следните два дена не се планирани блокади поради утрешниот празник Водици во Грција.
Земјоделците од северниот дел на земјата кои од 1 декември нивните трактори ги паркираа на граничниот премин Евзони исто како и вчера, така и денеска на четири часа ќе го блокираат сообраќајот за сите видови возила.
Во однос на следните денови, со оглед на тоа што утре во Грција се празнува Богојавление, земјоделците од целата земја, исто како и за Божиќ и Нова година, планираат да ги отворат сите автопатишта за непречено патување на граѓаните, ова ќе важи и за Евзони и во вторник и среда не се планирани блокади.
На вчерашниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше одлучена 48-часовна блокада, односно в четврток и петок да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како и граничните премини.
Земјоделците од Евзони ќе учествуваат во конкретните 48-часовни активности, но планираат в среда да одржат состанок за да донесат одлука за видот на блокадата, односно дали граничниот премин ќе биде затворен два дена само за камиони или за сите возила.
Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, а нивниот став е дека ќе дојдат на дијалог со Владата, само доколку бидат исполнети сите нивни барања.
За земјоделските протести, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претпладнево свика вонреден состанок.
МИА
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
