Македонија
1. March 2019 - 16:10

Вечерва ќе биде познат претседателскиот кандидат на власта

Владејачката коалиција предводена од лидерите на СДСМ и ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети вечерв во скопскиот хотел Хилтон ќе го утврди заедничкиот кандидат за претседател на државата, потврдија двете најголеми владејачки партиi. Името до тогаш ќе остане непознато за јавноста. Неофицијално од владејачката СДСМ велат дека најголеми шанси да ја добиe довербата од Заев и Ахмети има Стево Пендаровски, а по него е Оливер Спасовски, но не исклучуваат да се излезе и со трето име.

Заев вели дека засега Пендаровски е само едно од 10-те имиња кои се фаворити на власта. Пред координацијата во Хилтон, на која се планира присуство и на останатите лидери од владината коалиција – Мендух Тачи, Африм Гаши и останатите, Заев ќе одржи и партиски состанок за потврда на името.

По вечерашната средба пак, целиот процес на избор на кандидатот ќе заврши на партискиот Конгрес на СДСМ закажан за во недела.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе обвини дека кандидат што го промовираат СДСМ и ДУИ не е конесенсуален кандидат на граѓаните туку заеднички кандидат на власта за спас на Заев и владината коалиција.

Албанската опозција на БЕСА и Алијансата на Албанците вчера потврдија дека одат заеднички на претседателските избори на 21 април и тоа со професорот Блерим Река.

Професорката Гордана Силјановска засега е и единствената која е најнапред во процедурата. Таа веќе ги има собрано потребните 10.000 потписи за официјализирање на својата кандидатура. Потписи собираат уште петтмина.

Кандидатите на власта и на албансаката опозција имаат рок до 9 март за собирање на потребните потписи.