-->
-->
Вечерњи лист: Шпионот уапсен додека бегал кон Хрватска
-->

Загрепски Вечењи лист објави повикувајќи се на извори во Белград, дека хрватскиот шпион уапсен синоќа во Белград е идентификуван како Чедо Чоловиќ (57), офицер во пензија од Република Српска.
Весникот тврди дека уапсениот е обвинет дека со години во Загреб пренесувал податоци од Белград и поради него најмалку 9 Срби се обвинети за воени злосторства.
Тој бил уапсен додека бегал кон Хрватска, наведува медиумот.
Според соопштение од српското Обвинителство, во петокот било лишено од слобода лице поради сомневање за кривично дело шпионажа. Лицето имало двојно државјанство, на Србија и на Хрватска.
Според Индекс.хр хрватскиот шпион работел за Воено безбедносната разузнавачка служба на Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
