Вечер на староградска музика и игра на фестивалот „Илинденски денови“

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со вечер на староградска музика и игра.
Во старата битолска чаршија ќе настапат КУД „Пензионер“ од Прилеп, староградската пејачка група „Сирма Војвода“ од Битола, вокално инструменталниот состав „Орнамент“ од Штип, КУД „Васил Хаџиманов“ - Кавадарци, пејачката група „Весела Тајфа“ од Богданци, пејачката група „Распеани штипјани“, КУД „Далги“ од Охрид, октетот „Прилеп“ и ансамблот „Македонија“ од Скопје.
Годинашното 48. издание на фестивалот „Илинденски денови“ завршува утревечер, на 1 август со интернационална фолклорна разгледница на која ќе учествуваат гости од Полска, Јапонија, Грција, Северен Кипар и од Шпанија, а во чест на фестивалските победници, концерт во Хераклеа ќе одржи Виолета Томовска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
-

На Инфективна почина 66 годишна пациентка со западнонилска треска
