Вдовицата на Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ, тужи поранешен директор на затвор
Вдовицата на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ, поведе судски процес против поранешниот директор на Окружниот затвор во Белград, Драгиша Блануша, за неговата книга „Го чував Милошевиќ“, во која раскажува за деновите кои Милошевиќ ги минал во затворот, пред да биде одведен во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, пренесе Танјуг.
Според српските медиуми, Блануша е обвинет дека во книгата, издадена во 2001 година, објавил доверливи податоци за разговори на Милошевиќ со неговите адвокати и со членови на неговото семејство, како и фотографии што ги направил без одобрение.
Мира Марковиќ го обвинува Блануша и за „киднапирање“, откако на неидентификувани лица на 28 јуни 2001 година им одобрил да го одведат Милошевиќ од затворот, а потоа и да го префрлат во притворскиот оддел на трибуналот во Хаг, каде подоцна, на 11 март 2006 година, тој почина.
Србија му го предаде Милошевиќ на Меѓународниот трибунал во Хаг, откако со хеликоптер го зеде од дворот на затворот во Белград.
Мира Марковиќ доби политички азил во Русија и веќе 10 години се нема вратено во Србија.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен