Спорт плус
27. July 2015 - 10:59

Важна победа на македонските одбојкари над Данска

Македонската одбојкарска репрезентација забележа значајна победа на Данска во рамките од 3.коло на Европската лига
 
По саботниот пораз со 2:3, избраниците на селекторот Жарко Ристовски и се реваншираа на Данска победувајќи ја со 3-1, а со освоените три бодови ги задржаа шансите за едно од двете места кои носат пласман на заврницата на Европската лига.
 
Победите на Естонија во натпреварите против Австрија која е еден од нашите ривали, отвораат простор за македонските одбојкари со максимални триумфи над Австријците да останат во трка за второто место, за кое конкурира и Полска против која „црвено-жолтите„ ќе играат на гости во последното коло.
 
А, во следното, наредниов викенд во Скопје, ќе претстои мечот со Австрија.
 
Табела – А група:
1.Естонија 17 бодови,
2.Полска 10,
3.Македонија 10,
4.Австрија 9,
5.Данска 5,
6.Израел 3.