Кошарка
23. November 2017 - 19:57

Важна победа на македонските кошаркари против Словачка

 
 
Кошаркарската репрезентација на Македонија забележа победа над Словачка во првиот натпревар од предквалификацискиот циклус за Европското првенство што ќе се одржи во 2021 година.
 
По бројните откажувања и проблемите со повредените играчи, предвреме „прежалената“ Македонија со подмладен состав и победнички карактер, избори важна победа на гостувањето во против Словачка со 74-66. 
 
По израмнетиот прв период, кој нашите кошаркари го добија со поен предност (23-22) во вториот црвено-жолтите одиграа фантастично па откако истиот го добија со 21-8 на паузата меѓу двете полувремиња заминаа со предност од 14 поени (44-30). Во третиот период придодадовме уште два позитива (15-13), па во завбршниот период Македонија влезе со предност 59-43. Лошиот старт на последната четвртина во која домаќините отворија со серија од 12-0, не доведе во ситуација да стравуваме да исходот. Но,предводени од капитенот Војдан Стојановски и повратникот Ричард Хендрикс, избраниците на селекторот Давитков, на крајот заслужено се радуваа на победа со конечни 77-66.
 
Хенрикс средбата ја заврши до дабл-дабл од 21 поени и 14 скокови, а Војдан постигна еден помалку (20). Соколов, Ѓуровски и Дамјан Стојановски кого не го служеше шутот средбата ја завршија со по 8 постигнати поени. 
 
Првата, цел е остварена, а сега следува и вториот меч веќе во недела (26 ноември) кога во Скопје ќе гостува Швајцарија во мечот кој ќе се игра во СЦ Јане Сандански од 20.45 часот.