Тенис
7. November 2015 - 9:11

Вавринка нарача кафе и го „збриша“ Надал

Извонредно возбудлив меч одиграа во 1/4 финалето на Мастерс турнирот во Париз Станислас Вавринка и Рафаел Надал на кој со 7-6,7-6 славеше Швајцарецот и обезбеди полуфинале со Новак Ѓоковиќ. 

Во првиот сет кој траеше 70 минути Вавринка триумфираше со 10-8 во тајбрекот откако во сетови беше 6-6.
Интересна случка се случи во вториот сет при водство од 3-5 за Надал. Бидејќи мечот почна многу доцна, во 23ч, Вавринка нарача кафе и веднаш се разбуди успевајќи да направи брејк за ново израмнување 6-6 и повторно беше подобар во тај-брекот со 9-7 со што ја забележа 3. победа против Шпанецот во вкупно 16 меѓусебни дуели.