-->
-->
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-->

Ватикан го опиша исходот од разговорите во Истанбул како „трагичен“ откако рускиот претседател Владимир Путин одби да учествува во директните разговори со Володимир Зеленски, објави Политико.
-Сето ова е трагично, бидејќи се надевавме дека тоа ќе биде, можеби, бавен, но мирен процес на решавање на конфликтот. Наместо тоа, се враќаме на почетокот, изјави денеска пред новинарите државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.
Паролин додаде дека папата Лав Четиринаесетти планира да го понуди Ватикан како место за директна средба меѓу Украина и Русија, велејќи дека Светата столица е подготвена да се стави на располагање за продолжување на разговорите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
