-->
-->
Васко Доглев од Варош го извади осветениот крст од Охридското Езеро
-->

Васко Доглев од Варош беше најсреќниот меѓу многубројните верници кои денеска на Богојавеление – Водици скокнаа во Охридското Езеро и го извади осветениот крст.
Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј го положи крстот во Охридското Езеро, а потоа го благослови Доглев.
Васко Доглев потоа беше даруван со пригодни подароци.
Годинава за празникот Богојавеление – Водици околу 400 капачи беа пријавени, но како и секоја година влегоа поголем број верници во Охридското Езеро. Иако дуваше силен ветер, температурата беше 12 степени, а температурата на водата беше околу девет степени по осветениот крст влегоа голем број верници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
