Василево ги најави приоритетните проекти за 2016 година
Регулација на Сушевскиот канал, изградба на дел од локалниот пат Чанаклија-Нова Маала и изградба на улица во индустриската зона во Градашорци се топ трите инфраструктурни проекти за 2016 година, кои ги најави градоначалникот Ванчо Стојанов.
На прес-конференцијата, Стојанов истакна дека за реализација на овие проекти обезбедени се скоро милион евра од сопствениот буџет и со помош на Владата на РМ.
- Пред две години во Сушево се случи елементарна непогода. Надојдените води го урнисаа коритото на Сушевски порој, уништи дел од патната и уличната инфраструктура. Следната година токму таму планираме да инвестираме половина милион евра. Ќе се регулира сушевскиот порој со цел да не се повтори сликата од пред две години, паралелно ќе изградиме улица покрај поројот, а до училиштето во Сушево ќе изградиме патека за безбедност на сите пешаци, а најмногу за учениците, посочи градоначалникот Стојанов.
Еден од приоритетите на општината е вложувањето во индустриските зони, нагласи Стојанов.
- Следната година општина Василево фокус ќе даде на Индустриската зона Градашорци. Таму планираме да потрошиме околу 20 милиони денари за патната инфрструктура за пристап и изградба на улица до капацитетите што се градат. На тој начин отвораме можност за интензивирање на градбите, но и можност за привлекување на дополнителни инвестиции кои ќе отворат нови работни места, рече градоначалникот на Општина Василево.
За асфалтирање километар на дел од патот Чанаклија- Нова Маала, општината најавува дека ќе потроши 9 милиони денари од кои 7 милиони кои ги обезбедиле преку Бирото за регионален развој, а останатите од локалниот буџет.
Градоначалникот Стојанов, посочи дека ова биле најприоритетните проекти кои им ги посочиле граѓаните. Освен овие три поголеми, локалните власти во 2016 година планираат асфалтирање и на други улици, изградба на пешачки патеки, водоводни и канализациони мрежи, како и спортски игралишта.
Ново на Сител
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа