-->
-->
Васил Тупурковски обезбеди 30.000 долари за поплавените подрачја во Скопско
-->
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски во директни разговори и преговори со Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, обезбеди 30.000 долари за реновирање на поплавените спортски објекти на територијата на општина Гази Баба.
Финансиските средства ќе бидат наменети за санирање на штетите и реновирање на оштетените спортски објекти кои беа погодени на подрачјето на град Скопје, поточно Општината Гази Баба за време на катастрофалните поплави во месец август оваа година.
Во координација со Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, се очекува градежните работи набрзо да започнат, а договореното да биде реализирано, информираат од Македонскиот олимписки комитет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи