Вашингтон во конфликт со сојузната држава Њујорк поради новиот закон за издавање возачки дозволи

Како што синоќа обаснија од Администрацијата, одлуката е одговор на нововоедената политика на властите на сојузната држава Њујорк за издавање возачки дозволи на имигранти, „која ја загрозува национална безбедност со нов закон овозможувајќи им на нелегалните имигранти да добиваат возачки дозволи“.
Според законот, недокументираните имиграни можат да аплицираат за возачка дозвола и федералните безбедносни служби немаат право на увид во базата на податоци на Одделот за моторни возила без судски налог. Во одделот се чуваат информации за сите издадени возачки дозволи.
Од Администрацијата изјавија дека со овој закон Њујорк прави пречки во надлежностите на федералните безбедносни служби во нивните „напори да се зачува безбедноста во земјата“. Оттаму изјавија дека ќе ја укинат забраната на програмата за брзо поминување ако Њујорк им даде увид во базата на податоци за моторни возила.
Таканаречената Trusted Traveler или Global Entry е платна програма користена насекаде низ САД, пријавувањето е онлајн само за американските државјани, при што се прави дополнителна ригорозна проверка на идентитетот еднаш во пет години, и овозможува патниците да ги избегнат редиците за проверка на багажот и пасошка контрола.
Официјални лица на сојузната држава Њујорк денеска соопштија дека ќе ја тужат Администрацијата на Трамп.
-Ова е грубо мешање во работата на власта на Њујорк, и насилничка политичка тактика која им штети на њујорчани во секој политички поглед, изјави денеска демократскиот гувернер на Њујорк Ендру Куомо.
Конфликтот меѓу Админситрацијата во Вашингтон и Њујорк може да влијае врз навиките на 175 илјади жители кои патуваат од или се враќаат во Њујорк, вклучени во програмата.
-Невидена ароганција, непочитување на законот и уште една форма на изнуда, рече гувернерот, кој чекорот на Админисрацијата го спореди со „тоа што Трамп и го направи на Украина“.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
