„Вашингтон пост“: Трамп ќе го смени советникот за национална безбедност Мекмастер
Американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да го смени својот советник за национална безбедност генерал Херберт Мекмастер, тврди весникот „Вашингтон пост“ повикувајќи се на свои извори.
Трамп разгледува неколку варијанти за замена на Мекмастер, меѓу кои поранешниот постојан претставник на САД во ОН, Џон Болтон и началникот на канцеларијата на Советот за национална безбедност, Кит Келог.
Се претпоставува дека Мекмастер нема да биде сменет веднаш. Трамп сака да одвои време за оваа смена, за да не го понижи Мекмастер и внимателно да го избере својот нов советник за национална безбедност, пишува весникот и додава дека Трамп планира да направи и други кадровски промени во Белата куќа.
- Претседателот Доналд Трамп има добри работни односи со генералот Мекмастер, а составот на Советот за национална безбедност на Белата куќа нема да се менува, напиша на Твитер портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР