-->
-->
„Вашингтон пост“: САД поради Иран со закани за царини од 25 отсто за увезени возила од Европа
-->

Администрацијата на Трамп се закани дека ќе наметне царини од 25 проценти на увоз на автомобили од Европа ако Велика Британија, Франција и Германија официјално не го обвинат Иран за кршење на нуклеарниот договор во 2015 година, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани европски официјални претставници.
Три европски земји почнаа механизам за решавање спорови во вторникот, што е официјално обвинение против Техеран за кршење на условите на договорот и може да доведе до обновување на укинатите санкции на ОН.
Иран го критикуваше тој потег, нарекувајќи го „стратешка грешка.“
И покрај тоа што Трамп претходно направи закани за наметнување царина при увоз на автомобили од Европа, неговата намера е да добие подобри услови за Вашингтон во рамките на американско-европските трговски односи, а не да ја менува европската надворешна политика, објави весникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
