Вашингтон пост: Мајк Помпео имал тајна средба со Ким Џонг-ун

Мајк Помпео, номиниран за функцијата државен секретар на САД, за време на велигденските празници заминал во тајна посета на Северна Кореја и се сретнал со лидерот Ким Џонг-ун, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се два два, добро упатени извора.
Целта на средбата била да се постават основи за директни преговори меѓу Трамп и Ким за севернокорејската нуклеарна програма.
Американскиот претседател вчера изјави дека биле спроведени преговори на „многу високо ниво“, беа да соопшти дриги детали.
- И ние започнавме директни разговори со Северна Кореја, изјави Трамп за време на фото-сесијата со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
- Водиме преговори на исклучително високо ниво...и се надеваме дека ќе се случат убави работи, изјави Трамп и дополни дека на крајот се важни само резултатите, а не фактот дека се планира средба или самото нејзино одржување.
Ново на Сител
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
-

Стојановска: Кога ДУИ лаже ние ќе кажуваме вистини
-

Вработените во Пошта протестираа за плати, додека објектот во кој работат пропаѓа од сите страни
-

Обоистката Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана - директорот тврди се однесувала агресивно
