Вашингтон: Москва не смее да ги заборави лекциите од Авганистан
При спроведувањето на воената операција во Сирија, Русија не смее да ги заборави лекциите за горките искуства на Советкиот Сојуз во Авганистан и на САД во Ирак, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
Како што јави ТАСС, Ернест нагласи дека САД и натаму сметаат оти стратегијата на Русија во Сирија е „несоодветна“, бидејќи таа првенствено е насочена кон поддршка на сирискиот претседател Башар ел Асад, а не кон разбивање на екстремистите.
- Русија ризикува да се соочи со уште поголема меѓународна изолација и да биде вовлечена во меѓуверски конфликт, потенцира Ернест.
Тој оцени дека Русија „не може или не сака“ да прави разлика меѓу целите во Сирија, обвинивајќи ги руските сили дека повеќето од нивните воздушни напади биле извршени во реони под контрола на умераната сириска опозиција, каде нема припадници на џихадистичката група Исламска држава.
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти