Вашингтон го предупредува Пјонгјанг: Ако дојде до војна, ќе бидете уништени
Вашингтон ги предупреди севернокорејските власти дека ќе бидат „целосно уништени“ доколку дојде до војна. откако Пјонгјанг ги тестираше новите интерконтинентални ракети со дострел до САД.
На синоќешната вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, американската амбасадорка во Светската организацијја Ники Хејли го повтори предупредувањето од Доналд Трамп до Пјонгјанг дека ќе бидат „целосно уништени“.
- Ако дојде до војна, бидете сигурни, севернокорејскиот режим ќе биде целосно уништен, истакна Хејли.
- Севернокорејскиот диктатор вчера донесе одлука која приближува до војна, а не не оддалечува од неа. Ние никогаш не баравме војна со Северна Кореја, и се уште не бараме. Доколку дојде до војна, тоа ќе биде поради постојаните акти на агресија, потенцираше американската амбасадорка, коментирајќи ја последната ракетна проба на Пјонгјанг.
Таа, исто така, побара од меѓународната заедница да ги зајакне санкциите против Северна Кореја.
Хејли истакна дека САД од Кина побарале да престанат да ја снабдуваат Северна Кореја со нафта.
Северна Кореја лансираше нов тип интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-15, која падна во Јапонското Море, а која има дострел до целиот континентален дел на САД
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно