Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања, поради епидемијата на ебола во делови од Централна Африка, а со цел да се спречи ширењето на вирусот за време на Светското првенство во фудбал.
Според неименувани официјални претставници, на 1 јуни САД испратиле дипломатски документ во кој изразиле загриженост поради епидемијата и ги повикале европските земји да воведат ограничувања за патувања. Европски дипломат и уште еден извор запознаен со случајот изјавиле дека земјите од ЕУ се уште не одговориле на документот.
Минатиот месец американските Центри за контрола и превенција на болести воведоа забрана за влез во САД за лица кои не се американски државјани, а во претходните 21 ден престојувале во Демократска Република Конго, Уганда или Јужен Судан. На американските државјани им беше наложено да влегуваат во земјата преку одредени аеродроми каде се спроведуваат здравствени проверки.
Државниот секретар, Марко Рубио, изјави дека не смее да се дозволи еболата да влезе во САД и дека напорите на администрацијата се насочени кон спречување на влез на лица кои биле потенцијално изложени на вирусот, иако земјата располага со капацитети за лекување и изолирање на заболени од ебола.
Претставник на Стејт департментот изјави дека ограничувањата за патувања, заедно со американската финансиска поддршка за мерките против ебола, покажуваат дека Вашингтон презема одговорност за заштита на американските граѓани од сојот „Бундибуџо“ на ебола, чија епидемија Светската здравствена организација ја прогласи за меѓународна здравствена вонредна состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камион без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
-

Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
-

Две девојки скокнале од такси во движење во тетовско, возачот не ги однел на бараната локација
-

МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ
