Вашингтон е подготвен да достави уште муниција за бунтовниците во Сирија
Американската армија е подготвена да испрати уште муниција по воздух на бунтовничките групи во Сирија, кои се борат против групата „Исламска држава“, откако во неделата испрати 50 тони муниција.
- Ќе има уште испораки по воздух, но само ако можат да докажат дека муницијата се користи ефикасно против ИД, изјави синоќа анонимен претставник на армијата, додавајќи дека колку повеќе резултати покажуваат, толку поредовни ќе бидат испораките и американските авиони ќе ги избираат целите на начин, што ќе дава предност на терен на бунтовниците кои се борат против ИД.
Програмата за достава на Пентагон сепак ќе биде ориентирана кон резултатите, по неуспехот на планот за обука на локални сили. Можено е во иднина да биде испратено и некое оружје, што бунтовниците ќе треба да гарантираат дека нема да падне во погрешни раце.
Ново на Сител
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и ветровито, локално пороен дожд и грмежи кон крајот на денот
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО