Варвициотис: Почетокот на пристапните преговори само за една земја може да донесе дестабилизација на северната граница
Поради присутноста на албанскиот елемент во регионот, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис говорејќи на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент.
Според презентираните ставови на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Грција смета дека ЕУ треба да даде зелено светло за почеток на преговори истовремено за Северна Македонија и Албанија и да нема разделување на кандидатурите на двете земји, jави дописничката на МИА од Атина.
– Бидејќи албанскиот елемент е присутен во целиот регион, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница. Затоа нашата земја смета дека треба истовремено да се донесе одлука за почеток на пристапни преговори за двете земји, односно coupling, наместо раздвојување, т.е. decoupling, објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција пред членовите на парламентарната комисија
Валрвициотис рече дека Грција отсекогаш ја поддржуваше европската политика на проширување за Западен Балкан, „бидејќи смета дека е силно средство за постигнување мир, стабилност и просперитет за поширокиот регион“, но додаде дека грчката поддршка е нераскинливо поврзана со почитувањето на условите и со „принципите на самите постигнувања на земјите кандидати“.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција на денешната седница на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент ги презентираше стратешките цели на грчката надворешна политика, говореше за темите кои што се во негова надлежност, како што се прашањата поврзани со Европската унија, европската перспектива на земјите од регионот, Брегзит и сл.
Свои обраќања на комисијата имаа и претставниците на останатите партии, кои ги изнесоа нивните ставови за темите поврзани со надворешната политика и поставија прашања до Варвициотис, по што седницата продолжи зад затворена врата. с
Ново на Сител
-

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција
-

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на демократите од Вирџинија за прераспределба на изборните единици
-

Трамп: Договорот за продажба на оружје на Тајван е многу добра преговарачка алатка со Кина
-

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник

