Вархеји: Преговарачките рамки за Скопје и Тирана готови оваа недела
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пред Европскиот Парламент денеска изјави дека преговарачките рамки на ЕУ со Албанија и Македонија ќе им бидат поднесени оваа недела на земјите членки на ЕУ.
Вархеји се обрати на пленарната седница на Европскиот Парламент во врска со извештајот за Западен Балкан. Тој истакна дека Европската Комисија го врати регионот во срцето на Европа во првите шест месеци од оваа година и дека ветувањата кон регионот се претворија од зборови во дела.
-Комисијата доби задача да изготви преговарачки рамки за Македонија и Албанија, кои ќе бидат готови веќе оваа недела, заедно со преглед на реформскиот напредок, потврди Вархеји.
Преговарачките рамки беа ветени во текот на јуни, додека пак редовните извештаи за напредокот на сите земји од регионот се одложени за наесен, кога Европската Комисија треба да понуди и голем економски и инвестициски план за излез од кризата на регионот.
Вархеји истакна дека испорачано е и во однос на ветувањата кон земјите членки на ЕУ со ревидираната преговарачка методологија која овозможи конечно зелено светло за преговорите со Скопје и Тирана во март годинава, по повеќе месеци блокада од страна на Франција.
-Процесот на проширување е заснован на заслуга, за да напредуваат на патот кон ЕУ, земјите од Западниот Балкан треба да продолжат да испорачуваат реформи, посебно во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, темелните вредности и човековите права, рече еврокомесарот, и додаде дека што побргу една земја напредува реформски, толку побргу се приближува до членство во Унијата.
Ново на Сител
-
Од 1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 178 ги направиле пешаците
-
Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција
-
Приведен кумановец, следел и вознемирувал 27-годишна девојка
-
Спасувањето на мечката во Брајчино - драма во планина, храброст на дел
-
Кумановец возел со 1,85 промили алкохол во крвта и удрил во две моторни возила
-
Папата Франциск приватно се сретна со кралот Чарлс Tрети и кралицата Камила
-
Изгоре автомобил наспроти Клинички
-
Леброн за суспензијата на Дончиќ: Не знам зошто судијата го сфати тоа толку лично