Вархеји: Кандидатски статус за БиХ е можен веќе на 15 декември
Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека доколку продолжи забрзаниот процес на формирање влада во БиХ на сите нивоа, Европскиот совет веќе може да одобри статус кандидат за членство во Европската Унија на БиХ на 15 декември, по самитот ЕУ-Западен Балкан.
Во интервју за РТРС, Вархеји рече дека тој самит во Тирана е единствен бидејќи лидерите на ЕУ и Западен Балкан првпат се среќаваат надвор од Брисел, додавајќи дека БиХ има време и можност да добие кандидатски статус.
Еврокомесарот изрази надеж дека БиХ ќе ги зајакне своите институции за да може самостојно да носи одлуки и дека по истекот на сегашниот мандат повеќе нема да бидат потребни странски судии во Уставниот суд на БиХ. Вархеји посочува дека функционерите на Република Српска поддржуваат забрзан пат кон Европската унија.
Имав можност да се сретнам со новата претседавач со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ и навистина сум охрабрен од пораките што ги слушнав од неа, односно подготвеноста за забрзан пат кон ЕУ“, изјави Вархеји.
Тој доде дека тој и претседателот на Република Српска Милорад Додик имаат заеднички интерес за што побрз напредок на европскиот пат и обезбедување мир, стабилност и развој.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
