Вархеји: Албанија продолжува да бележи напредок во реформите поврзани со ЕУ

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, на социјалната мрежа „Х“ пишува дека Албанија како „земја која преговара за членство продолжува да напредува во реформите поврзани со ЕУ“.
Тој додава дека се сретнал со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани на маргините на министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан „за да разговараат за следните чекори“.
- Албанија, како земја која преговара, продолжи да напредува во реформите поврзани со ЕУ. Се сретнав со министерот Игли Хасани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи ЕУ-Западен Балкан за да разговараме за следните чекори. Нашата цел е да ги отвориме преговорите за членство на првиот кластер до крајот на оваа година, наведува Вархеји.
Ново на Сител
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
-

Тешко повреден пешак кај ТЦ „Беверли Хилс“, возачот во бегство | ФОТО
-

Семејството на трагично загинатиот Стивен Ивановски во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци
-

Средното стручно образование сè попривлечно, континуиран раст на буџетот за наука
-

Лажен доктор измамил 77-годишен виничанец за сума од над 430.000 денари
