Македонија
3. July 2016 - 17:27

Вардарската регата Гемиџии пристигна до целта

Вардарската регата Гемиџии пристигна до целта. 100-та учесници денеска допловија до Гевгелија. Високиот водостој и поволниот ветер овозможија навремено пристигнување на гемијата и 10-тина гумени чамци.

Вардаската регата потсетува на традицијата на велешките трговци. Во минатото, своите производи на овој начин ги превезувале на пазарот во Солун. Локалните власти се надеваат дека наместо Гевгелија, во идина крајната цел на регата ќе биде токму солунското пристаниште.

Годинава во регата учествуваа и неколку девојки.

Четири дена трае Вардарската регата Гемиџии. Стартуваше во четвртокот.