-->
-->
„Вардарки“ декласирани во Мец
-->

Дури со 14 голови разлика загуби македонскиот првак ЖРК Вардар во Лигата на шампионките од францускиот Мец, 42-28 што е вистински дебакл за нашиот претставник кој со овој пораз го загуби лидерското место во првата група.
Иако киксира и ФТЦ кој играше само 29-29 со Турингер сепак тоа беше доволно за првото место за Унгарките.
Вардарки беа анемични како никогаш досега и со тоа покажаа дека се наоѓаат во криза. По поразот од Будуќност, нашиот шампион против Мец изгледаше како тим кој прв пат игра заедно.
Така не изгледаше во почетниот дел од мечот бидејќи македонскиот тим имаше водство од 8:5, но, тренерот на домаќините Мајонаде побара тајм-аут кој се покажа како клучен. Мец направи серија од пет едноподруго погодоци и дојде до водство од 10:8. Францускиот тим остана на истина висина со својата игра, па така на полувреме водеше со 19:16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
