-->
-->
Вардарци веќе утре на мегдан против Татран Прешов
-->

Македонскиот ракометен првак Вардар утревечер го пречекува Татран Прешов во дуел од регионалната СЕХА лига.Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзлаес одлучи тимот денес да на тренира поради напорното гостување во Полска.
- Ова сезона Татран е многу добар. Има силна одбрана и тоа го докажа на претходните натпревари. Ние денеска се вративме од Плоцк и поради тоа им дадов слободен ден на играчите. Нема да тренираме, бидејќи знам дека се многу уморни. Утре ќе се подготвуваме тактички со помош на видео снимки. Утре ќе имам и целосна слика за здравствениот билтен и ќе одлучам со кој состав ќе настапиме. Фаворити сме, ама не треба да се опуштаме, изјави Гонзалес на денешната прес-конференција.
Ова ќе биде четврти натпревар за двата тима, Вардар има максимални три победи,Татран две победи и еден пораз. Продолжување на победничката серија очекува капитенот Стојанче Стоилов.
- Сезоната до сега се одвива како што очекувавме и како што се надевавме. Имаме три победи во СЕХА и една во Лигата на шампионите остварена вчера. Се надевам дека така ќе продолжиме. Во првите три кола Татран покажа дека може да биде незгоден противник, но ние сме Вардар европски шампиони, играме дома и треба на теренот да покажеме зошто сме фаворити, потенцира Стоилов.
Натпреварот се игра утревечер од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
