Loading Video...
Ракомет
7. March 2020 - 16:50

Вардарци утре гостуваат кај Нексе во првиот четвртфинален меч во СЕХА лигата

Актуелниот европски и СЕХА првак Вардар утре ќе го игра својот прв натпревар од 1/4-финалето во регионалната лига. 
 
Вардарци гостуваат во Нашице кај хрватскиот тим Нексе кој место меѓу осумте најдобри обезбеди откако во осминафиналната рунда го елиминира вториот македонски претставник битолски Еурофарм Пелистер. 
 
Со сите свои проблеми вардарци и на утрешниот меч ќе ја имаат фаворитската улога, но овојпат, не во толкава голема мерка, имајќи ја во предвид и добрата форма во која настапува составот на Нексе. 
 
Сезонава овие два тима веќе одиграа два натпревари во групната фаза, а домашниот терен се покажа како предност. 
 
Вардар славеше во Скопје со 24:21, додека во Нашице загуби со убедливи 42:26, но на споменатиот меч црвено-црните кои веќе го имаа осигурано првото место настапија со младинскиот тим. 
 
Сега влогот е далеку поголем, односно место на завршниот Фајнал-фор турнир, па оттаму утрешниот меч важи и за дерби во четвртфиналната фаза. 
 
Утрешниот меч меѓу Нексе и Вардар ќе започне од 17 часот и е последен од првата рунда од четвртфиналето. 
 
Во прввиот меч одигран попладнево Мешков Брест го победи - Мотор Запорожје со 30 – 28. Денеска свпојот дуел ќе гпо одиграат и Татран Прешов –  ППД Загреб , а утре пред нексе и Вардар од 13 часот ќе се игра средбата Војводина –  Веспрем