Loading Video...
Ракомет
21. October 2020 - 15:44

Вардарци подготвени за нов триумф во ЛШ / Утре гостува Порто

Откако вчера својот прв настап во групната фаза во  Лигата на Европа го имаа ракометарите на Металург, веќе утре на европската сцена ќе истрчаат ракометарите на Вардар
 
Актуелниот европски првак Вардар утре во СЦ Јане Сандански ќе го одигра третиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. 
 
По минатонеделната победа над германски Флензбург, вардарци со исти амбиции за победа, ќе влезат и во мечот против Порто, кој пак на голот ќе го има македонскиот репрезентативец Никола Митревски кој во минатото коло беше избран за најдобар голман.
 
Тренерот Стефче Алушоски посочи дека неговите избраници се добро подготвени и дека ќе сторат се да се радуваат на втората победа. 
 
„Го анализиравме Порто, мислам дека е екипа која игра еден добар ракомет, пред се со тактиката „7 на 6“. Ги анализиравме и се надевам дека, ако успееме да одговориме на нивната игра, имаме големи шанси вторпат да се радуваме во Скопје. Нормално дека сме максимално претпазливи, без разлика што на претходниот натпревар победивме. Секој натпревар е приказна за себе и затоа момците се максимално фокусирани, остануваа да работиме до четврток, да се договориме како и да излеземе и да се потрудиме да оствариме уште една победа во ЛШ. Нема да биде лесно, ова затоа се вика Лига на шампиони и секој натпревар е тежок“, изјави Алушовски. 
 
Утрешниот дуел меѓу Вардар и Порто ќе започне од 20 часот и 45 минути.