-->
-->
Вардарци подготвени за европскиот предизвик
-->
Со убедливата победа на гостувањето кај Весна Пропиштип, одбојкарите на Вардар ја продолжија сеијата добри игри во домашното првенство, па сега може да се насочат кон настапот на европската сцена.
Избраниците на тренерот Марјан Трајковски немаа проблеми да ја потврдат фаворитската улога, па во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на изненадување, напротив во првиот сет му препуштија 14, а во следните два по 15 поени, добивајќи го мечот со конечни 3:0 во сетови.
Победата во Пробиштип беше успешна најава пред претстојниот предизвик во европските купови. Вардарци во недела патуваат за Словенија, каде на 17 и 18 ноември ќе ги играат двете средби од Челинџ купот против екипата на Калцит Камник
Доколку го минат словенечкиот тим тогаш во осминафиналето ќе играат против екипата на Алијанц Пауарволеј од Милано.
Инаку, тоа беше воведниот натпревар од шестата рунда, која продолжува утре со дуелите Џио Струмица - УГД Штип и Лирија - Универзитет Тетово.
Преостанатите два двојќи ги сочинуваат, Јанта Волеј Дибра Волеј (недеела) и Шкендија – Борец (понеделник)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство