Loading Video...
Ракомет
25. August 2021 - 11:09

Вардарци подготвени го дочекуваат ППД Загреб, ќе има и публика

Ракометарите на Вардар утре ќе го одиграат првиот меч од четвртфиналната рунда во регионалната СЕХА лига. Вардарци во СЦ Јане сандански го пречекуваат хрватскиот ППД Загреб во првата четвртфиналнат пресметка.
 
Двата тима многупати додега играле меѓусебно, не само во СЕХА лигата туку и во Лигата на шампионите. Но. Сетоа тоа е минато, имајќи в предвид пред се дека двата тима се видно изменети во играчкиот состав. 
 
„Играме со Загреб, мислам дека тоа е најизедначениот пар од оваа фаза во СЕХА. Мислам дека за конечниот победник ќе треба 120 минути, нема да биде ништо решено на првиот меч. Тие доаѓаат во добра форма, ние полека ја креваме формата. Мене ме радува дека ќе има гледачи на нашиот натпревар. Не размислувам за победа, реми или пораз, колку голови ни е потребно, туку да одиграме еден одличен натпревар за да елиминираме силна екипа како Загреб“, изјави Вујовиќ.
 
И како што најави Вујовиќ, по подолго време вардарци ќе имаат и поддршка од трибините и тоа не повеќе од 1.800 гледачи односно 30% од капацитетот на салата, а се по вчерашната одлука на Владата да дозволи присуство на публика на спортските терени, разбирливо според постоечките Ковид мерки. 
 
Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб што ќе се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне во терминот од 20 часот и 15 минути.