Ракомет
10. October 2015 - 19:05

Вардарци му земаа „скалп„ и на Ранј Некар Левен

Ракометарите на Вардар ја продолжија победничката сезија во Лигата на шампионите.
 
Нова жртва на вардарци беше германскиот тим Ранј Некар Левен кој вечерва во СЦ Јане Сандански во Скопје, Вардар го победи со 25:19, во натпревар од 4.коло на Б групата.
 
До 10-тата минута се играше израмнето, а на семафорот резултатот гласеше 5:5. 
 
Следуваше период од 5-минути во кој Вардар направи серија од 3:0 за водство од +3.гола во 15-минута (8:5). 
 
Но, германскиот тим возврати на идентичен начин со 3:0 серија за ново израмнување 8:8 во 21-минута. До крајот на полувремето ниту една од екипите не успеа да создаде посериозна предност па на паузата Вардар замина со гол предност 11-10.
 
Во вториот дел. Се до 55-минута црвено-црните не успеваа да остварат поголема предност од два гола, а во завршните пет, конечно успеаја да го скршат отпорот на германскиот тим и на крајот и да слават триумф со конечни 25:19. 
 
За Вардар ова е четврта победа во ЛШ, со која останува единствената екипа со максимален учинок во елитното натпреварување. 
 
Најефикасен во редовите на нашиот шампион беше Алекс Душебаев со 7 постигнати голови, додека Тимур Дибиров и Алем Тоскиќ и постигнаа по 6 односно 4 гола. На голот на Вардар, фантастичен во вториот дел беше Петар Ангелов кој имаше 9 одбрани.
 
Во следното коло Вардар ќе гостува во Копенхаген, кај данскиот Колдинг, во недела на 18 октомври. 
 
Лига на шампиони 4.коло - Б групата 
Сабота 
Вардар - РАјн Некар левен 25:19
Киелце (Полска) – Кристианштад (Шведска) 35:27
Барселона (Шпанија) – Монпеље (Франција) ( од 19 часот)
Недела 
16,50 Колдинг (Данска) – Пик Сегед (Унгарија)
 
Табела: Вардар 8 бодови, Рајн Некар 5, Киелце 5, Барселона 4, Кристианштад 2, Пик Сегед 2, Монпеље 2, Колдинг 0.