Ракомет
14. April 2017 - 19:43

Вардарци лесно преку Охрид до третата победа во Плејоф лигата

 
 
 Ракометарите на Вардар ја остварија и четвртата победа во домашниот македонски шампионат. 
 
Вардарци во натпревар од 4.коло на Плејоф лигата кој се играше попладнево во Охрид убедливо ја совладаа истоимената домашна екипа со 12 голови разлика 35-23 полувреме 20-13. 
 
Ова беше третата победа на црвено-црните во домашниот шампионат и тоа во само три дена, откако претходно вардарци во два дена славеа победи против битолските екипи Еурофарм Работник и Пелистер. Потсетување во првото коло Вардар беше совладан од големиот ривал Металург.
 
А, тимот од Автокоманда вчера во воведниот меч од ова коло на гостувањето во Велес го победи борец со 35-32 со што го оствари и четвртиот триумф во исто толку одиграни средби. 
 
Последниот меч од 4.коло, битолското дерби меѓу Еурофарм Работник и Пелистер ќе се игра во среда (19 април) од 19 часот.
 
Табела: Металург 12 бодови (4 натпревари), Вардар 9 (4), Охрид 6 (4), Пелистер 3 (3), Еурофарм Работник 3 (3) и Борец 0 (4).